Одржани универзитетски турнири во пинг – понг и пикадо

04.12.2017
По повод Патронатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 04.12.2017 година во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола, одржани се турнири во пинг -понг и пикадо за студенти на УКЛО на прв и втор циклус студии.
Во традиционалниот турнир во пинг – понг најдобропласирани се студентите:
Лашкоски Андреј – Факултет за информатички и комуникациски технологии
Апостолоски Марио – Економски факултет – Прилеп
Клечкароски Бојан – Факултет за биотехнички науки – Битола
На турнирот во пикадо, што на УКЛО се реализира прв пат, најдобропласирани се студентите:
Александар Жоглев, Правен факултет – Битола
Мицакоски Антонио, Висока медицинска школа – Битола
Илиевски Благојче, Факултет за биотехнички науки – Битола
Пехари и медали за освоените места на најдобрите учесници во двете категории ги додели ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.
Универзитетскиот турнир во пинг - понг и пикадо предизвикаа голем интерес кај студентите, за што говори и учеството на стотината учесници во двете категории.