ПРОМОЦИЈА НА УКЛО „Патеките на транзицијата –емпириска анализа на македонската и бугарската економија, растот, инвестициите и економската соработка“

22.12.2017
На 21 декември 2017 година во Ректоратот на УКЛО одржана е промоција на книгата „Патеките на транзицијата –емпириска анализа на македонската и бугарската економија, растот, инвестициите и економската соработка“ од авторите академик Гоце Петрески, д-р Оливера Костоска и д-р Дарко Лазаров.
Промоторот, академик Таки Фити, претседател на МАНУ изнесе високи оценки за стручниот опфат на анализата и вредните сознанија од студијата како влијателни во актуелниот економски миг.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека промоцијата на книгата има дополнително значење со вклученоста на академски кадар од УКЛО во емпириска анализа од ваков вид и ги отвора перспективите за унапредување на соработката со МАНУ.
Патеките на транзицијата е студија работена во рамки на соработката меѓу МАНУ и Бугарската акдемија на науките, во периодот 2014-2016 година и претставува издание на Македонската академија на науките и уметностите.