Средба на ректорот со Министерот за локална самоуправа
11.01.2018
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу придружуван од Мјелма Мехмети Петерсен, државен советник за евроинтеграции, како и Аднан Емини, претставникот на Заедничкиот Секретаријат на ИПА програмата, го посетија Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во пријатниот едночасовен разговор со ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и проректорката за наука проф. д-р Елизабета Бахтовска беа разменети искуства околу проектната соработка во рамките на неколку европски програми за соработка. Акцентот се стави на проектите од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Грција за периодот 2014-2020 година во којашто УКЛО, односно единиците во неговиот состав учествуваат со шест проектни апликации. Исто така стана збор и за двете одобрени проектни апликации во рамките на првиот повик на новата, БалканМед програма.
Средбата беше можност за размена на многу корисни информации во врска со овие значајни европски програми.