ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ УКЛО ТРИВИУМ

19.04.2019

На четвртиот натпреварот во ораторство УКЛО ТРИВИУМ на тема: 40 години УКЛО  Дигитална (р)еволуција учествуваа 12 студенти од неколку единици на УКЛО.  

 

За најдобри оратори од страна на жири комисија прогласени се студентите:

Бојан Стојановски, од Економскиот факултет – Прилеп, прво место, Софија Трампевска, од Предагошкиот факултет - Битола, второ место и Димитар Врглевски, од Правниот факултет - Кичево, трето место.

За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО на најдобрите оратори им доделува и парични награди.

 

Присутните студенти, професори и гости од името на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски ги поздрави проректорот, проф. д-р Виолета Маневска која по повод пригодата истакна дека со Тривиум, УКЛО воспоставува една суптилна, модерна нишка со младите и дека УКЛО, на 9 мај ќе биде домаќин на државниот настан, Собир на студентите, по повод Денот на европското обединување.

 

Инаку, УКЛО ТРИВИУМ трдиционално се одржува во рамки на одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО, 25 април, а годинава носи и јубилеен прдзнак, 40 години УКЛО.

 

Во пресрет на настанот се одржа работилница за јавно говорење под менторство на проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола.

 

УКЛО ТРИВИУМ  се одржа во Малата сала од Центарот за култура - Битола.


Scroll to Top