УКЛО ОДБЕЛЕЖУВА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ

24.04.2019

40 години УКЛО на 25 Април

По повод чествувањето на јубилејот 40 години УКЛО и во пресрет на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола 25 април, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски одржа средба со новинарите и ја запозна пошироката јавност со активностите и манифестациите поврзани со овој посебен настан кој се одвива под мотото: Нашите 40 години.

Свечената Академија покрај  уметнички перформанс ќе биде збогатена и со музички дел, концерт на Влатко Стефановски. УКЛО организира и ретроспективна изложба во фоајето од театарот во Битола со бројни артефакти и вредни фотографии.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека на УКЛО  се одржа и студентската недела, посветена на креативни настани, ораторски натпревар, работилници и интересни предавања како и спортски натпревари.

Во духот на достоинственото одбележување на јубилејот, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски ги најави и другите манифестации и случувања кои УКЛО ги организира по повод јубилејот, меѓу кои Собирот на студентите од државата чиј домаќин е Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола. Државната манифестација ќе се одржи на 9 Мај, по повод Денот на европското обединување.


Scroll to Top