ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Ректор

25.04.2019

       Врз основа на член 97 став 3 од Законот за високото образование и член 121 став 4 и 5 од Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, како и на Одлуката на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола Бр.14-593/11-2 од 22.04.2019 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, објавува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС 

за избор на Ректор  

 

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола отпочна постапка за избор на Ректор на слободни непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 01.10.2019 до 30.09.2022 година.

Услови за избор на Ректор:

 

Кандидатот за Ректор, треба да ги исполнува следните  услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да е редовен професор.

Кандидатот за  Ректор кон Пријавата  задолжително  доставува:

  • Пријава;
  • Биографија со библиографија;
  • Одлука за избор во редовен професор;
  • Програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период и
  • Уверение за државјанство.

 

Кандидатите за Ректор треба да ги достават потребните документи во рок од 12 (дванаесет)  дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас во печатените дневни весници „Нова Македонија“ и  „Коха“, а и на веб страната на Универзитетот, до Универзитетска изборна комисија, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, ул.„Бул. 1 ви Мај“ бб Битола, со назнака „За Јавниот оглас“. 

 Лице за контакт: м-р Офелија Христовска, тел. 047 223-788, локал 116.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во согласност со одредбите на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола.

 

Универзитет „Св.Климент Охридски“

                             Битола


Scroll to Top