УКЛО ПО ТРЕТ ПАТ ДОМАЌИН НА СОБИРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ОД ДРЖАВАТА

10.05.2019

ОДБЕЛЕЖАН  ДЕНОТ  НА  ЕВРОПА

По повод 9 Мај, Денот на Европа, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола односно на Педагошкиот факултет,  се одржа студентската манифестација Собир на универзитетите.

Настанот  опфати студентска дебата  и ораторски натпревар на тема: “Активни млади – жива демократија.

Од името на УКЛО, присутните ги поздрави ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, кој  оцени дека „овој традиционален собири е прекрасна идеја да се поврзат елоквенцијата и младоста, а УКЛО верува во нив како основна вештина  во едукативниот пат на сите млади, верува во важноста на усната експресија и вештината јавно да се зборува, дебатира, како главно оружје на секој активизам“.

И двата настани се оценети како неопходни, бидејќи во младите луѓе, пред се студентите, се наоѓа искрата на ентузијазмот и артикулираната потреба за дејствување и  промени. Студентите учесници на настаните меѓу кои и претставници од УКЛО, дебатираа за актуелниот миг, потребата за создавање амбиент на припадност за младите луѓе кои  ќе бидат активни сега и овде, потребата за еднакви можности, поддршката од повозрасните, но и за тоа каква акција е потребна, што е нужно и најважно.

Манифестацијата заврши со доделување вредносни ваучери за најдобрите оратори: Ана Михаиловска, прво место; УГД, Блеранд Рустеми, втото место, Универзитет Југосточна Европа и, трето место, Марија Коцева од УГД.

За севкупната организација и улогата на домаќин на годинашниот Собир на студентите од универзитетите во Република Северна Македонија, УКЛО доби пофалби од сите учесници и организаторите на манифестацијата, Европското движење и Фондацијата Конрад Аденауер.


Scroll to Top