ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2019 година

20.09.2019

-Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата - предизвици за регионална соработкa-

Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер„ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел во соработка со Центарот за истражување и креирање политики распишува Повик за учество на студенти од Факултетот за безбедност-Скопје и други факултети на  Регионалната школа за безбедност на која професори и студенти ќе партиципираат од Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Грција.

Целна  група:
Студенти на прв и втор циклус студии на  Факултетот за безбедност-Скопје и други високо образовни институции во државата. Вкупно ќе се изберат 15  студенти од Република Северна Македонија кои ќе бидат дел од школата со студенти од Република Бугарија (10 студенти) и Република Грција (10 студенти) .

Период и локација:
Регионалната школа ќе се одржи во периодот 04.10-06.10.2019  година, во Скопје.

Работни јазици:
Задолжително познавање на англискиот јазик.

Начин на пријавување и селекција на учесниците:
-Сите заинтересирани студенти од Република Северна Македонија можат да се пријават со доставување на писмо за мотивација (не подолго од една страна) и кратка Биографија на следната емаил адреса: school@fb.uklo.edu.mk

Рокот за доставување на апликации е 25 септември 2019 година. 

По доставување на пријавите ќе се изврши селекција на пријавените студенти врз основа на следниве критериуми:
 -Да се студенти на прв и втор циклус студии на  Факултетот за безбедност-Скопје и други високо образовни институции во државата;
- Да се во можност да учествуваат за целото времетраење на регионалната школа;
-Да покажат интерес за темите и лична мотивација (преку писмо на мотивација);
- Да имаат познавање на англискиот јазик;
- При процесот на селекција може да се земе предвид и просечниот успех на студентот;

Трошоци:
Трошоците за храна, пијалок и за работни материјали за сите учесниците од Република Северна Македонија ги сносат самите организаторите  на  регионалната школа. 

Лице за контакт: 
доц. д-р Марјан Ѓуровски, Продекан за наука и развој и раководител на Зимската и летната школа за безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје, емаил: mar.gjurovski@gmail.com.

Задачи на проектот:
Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот: Република Северна Македонија, Република Грција и Република Бугарија, воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка и координација.

Генерална тема:
Државите со стабилна економија и со правилна распределба на материјалните добра помеѓу населението помалку се подложни на политички и социјални потреси за разлика од сиромашните држави во кои доаѓа до израз социјалната нееднаквост и економската нестабилност, иако денес и најразвиените европски држави, САД, Русија не се потполно безбедни особено од теророризмот и организираниот криминал. Кај младите и слабите држави со сè уште недоволно развиена демократија, каде што постојат економски проблеми, голема невработеност, сиромаштија, корупција, етнички и религиозно нехомогено население,постои реална опасност за појава на хибридните закани. Уште ако овие држави се на линијата на огнот во борбата за новиот светски поредок помеѓу големите сили, пред сè САД, ЕУ и Русија -примерите со Украина, Блискиот Исток и Балканот,тогаш појавата на овие закани е сосема реална опасност.

Цели на школата:
Настанот имаат образовни цели, со јасно дефинирани образовни резултати за студентите. Во исто време тие ќе бидат организирани работилници и панел дискусии .
Школата исто така ќе имаат за цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката. Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезе во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе се користат во иднина на Универзитетите во рамки на нивните студиски и предметни програми и ќе имаме реалните резултати од проектот.


Scroll to Top