ПРВА СЕДНИЦА НА СЕНАТОТ РАКОВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ

20.09.2019

Вон. проф. д-р Светлана Велјановска од Правниот факултет којашто во претходна постапка е избрана за Претседател на Сенатот на УКЛО, извршувањето на функцијата ја започна со 173 седница на Универзитетскиот сенат на УКЛО.  Таа истакна дека очекува успешна работа и конструктивна соработка со сенаторите на УКЛО во донесување одлуки што се значајни  за развојот на Универзитетот и пред сè студентите.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски нагласи дека УКЛО е прв универзитет во државата кој ги практицира новите законски решенија кои  му даваат суштинска улога на Сенатот на Универзитетот како највисок орган на управување.

Изборот на ректор во согласност со новиот Закон за високото образование на непосредни, тајни и слободни избори и изборот на претседател на Сенатот  за првпат се реализираа на нашиот универзитет.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот, а вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоиво со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.Мандатот е  за период од една година, со право на уште еден избор.


Scroll to Top