ДЕН НА ПРОЕКТНИ ЕКСПЕРТИ, во Севр, Франција

22.10.2019

На покана од  France Education International,  главен оператор за меѓународна образовна политика – институција којашто од своето постоење, од 1945 , низ годините е позната како Меѓународен Центар за педагошки студии, раководителот за настава, наука и меѓународна соработка, Калиопа Стилиновиќ, престојуваше во Севр, Франција. Таа беше еден од воведничарите на тркалезната маса што  на 01 октомври се одржа по повод Денот на проектни експерти.  Тркалезната маса на тема „Вештина во  водењето проекти“  собра на едно место повеќе од 100 учесници од цела Франција- стручњаци,  академски кадри и особено професионалци во својата област, со долгогодишно искуство во водењето меѓународни образовни проекти. Повод беше и издавањето на петтиот број на публикацијата Експертски белешки посветен на искуствата од твининг проектот во којшто како корисник се јавува македонското Министерство за образование и наука. Станува збор за проект финансиран од Европската Унија со наслов: „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Во периодот јули 2016-септември 2017 година овој проект го имплементираше меѓународен конзорциум од институции од Франција и Северна Ирска со поддршка на МОН и во соработка со неколку универзитети од нашата земја.

Повеќе:

https://www.ciep.fr/sites/default/files/atoms/files/carnet-expertise-n-5-fevrier-2019.pdf


Scroll to Top