АКТИВНОСТИ НА ВИСОКАТА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА ВО ЕВРОПСКАТА СЕСТРИНСКА МРЕЖА (ЕНМ)

25.10.2019

Високата медицинска школа Битола од 2012 година е прва и единствена членка од Република Северна Македонија во Европската сестринска мрежа (Euroepean Nursing Module), респектирана меѓународна организација, основана во 1994 година. Основна активност на оваа меѓународна организација е размена на студенти меѓу факултетите за медицински сестри од сите европски земји членки на Европската сестринска мрежа (ЕНМ).

Во рамките на активности на ВМШ во ЕНМ во периодот од 2012  до  2019 година  се реализираа бројни размени во двата правци, со следната динамика: 23 студенти од европските земји Шведска, Шпанија, Данска, Белгија, Швајцарија, Велика Британија и Финска, во изминатите 7 години беа студенти гости на ВМШ,  на размена во времетраење од две седмици. Во текот на овие размени се реализираа, според претходно изготвен план, посети на болнични оддели во јавниот и приватниот здравствен сектор во Битола, како и предавања на одредени теми реализирани од професори на Школата. 

Четворица студенти на ВМШ, со финансиска поддршка од школата, исто така беа дел од студентските размени и тоа во Шпанија и Швајцарија. Во подготовка е заминување на уште двајца студенти во мај 2020.

За одбележување е што за првпат, откако постои Европската сестринска мрежа,  оваа година, со почеток од септември 2019, се реализира размена на ВМШ на двајца студенти од Данска во времетраење од седум недели, на нивно барање.

Данските студенти, придружувани од проф. д-р Изабела Филов во својство на координатор на ЕНМ за Висока медицинска школа Битола го посетија и Ректоратот. Средбата, одржана на 17 октомври 2019 година претставуваше можност за споделување на нивните позитивни импресии пред претставниците на Службата за меѓународна соработка.


Scroll to Top