УКЛО И „КОНРАД АДЕНАУЕР“ СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ ЗА АКАДЕМСКА РАЗМЕНА

03.03.2021

Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија ќе продолжи да бидезначаен партнер на УКЛО и неговите единици и во следниот период.Ова е потврдено на средбата помеѓу проректорот и Еразмусинституционален координатор на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски со ДаниелБраун, нов директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ што се одржа на 03.03.2021.На средбата е истакнато значаењето на академската размена меѓу студентии професори од земјите од Регионот и СР Германија, преку проекти штоФондацијата ги спроведува со Универзитетот, во функција на зајакнување надовербата во Регионот и неговата целосна европска интеграција.Во рамки на добрата соработка меѓу УКЛО и Фондацијата „Конрад Аденауер“планирано е одржување Регионална Универзитетска школа со студенти ипрофесори од земјите во Регионот како и продолжување на заедничкатаиздавачка дејност.Фондацијата „Конрад Аденауер“ е меѓу позначајните партнери исоработници на УКЛО.


Scroll to Top