ТТФ потписник на Меморандум за соработка со МЗШВ

04.03.2021

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишан е меморандум за соработка со факултети од три Универзитети. Меѓу четирите факултети потписници на Меморандумот е и Технолошко – техничкиот факултет – Велес, единица на УКЛО.

Обновувањето на партнерскиот однос со научно – образовните институции МЗШВ  го оценува како двигател на развојот.

Потписниците на меморандумот за соработка ќе добијат финансиска поддршка којашто ќе биде наменета за опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите.

Ова е првиот изграден мост за соработка меѓу МЗШВ со високообразовни институции меѓу кои и ТТФ од УКЛО, што според Министерството ќе продолжи во насока на градење конкретни активности.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (mzsv.gov.mk)


Scroll to Top