Мерита Шахин, стипендист на Фондацијата Тома Фила го започна стручното усовршување

04.03.2021

Добитникот на стипендијата Тома Фила, постдипломката Мерита Шахин започна да го остварува едногодишното стручно усовршување кај адвокатот Игор Петковски, во Битола.

Имено, во рамки на доделената стипендија, Фондацијата склучи Договор со адвокатот Петковски, со цел стипендистот Мерита Шахин да остварува едногодишно стручно усовршување  и да биде ангажира како адвокатски приправник и воедно, стручно да се усовршува во неговата канцеларија,  почнувајќи од март 2021 година.

Постдипломката Мерита Шахин е четвртиот корисник на стипендијата Тома Фила со којашто УКЛО им дава дополнителен поттик и мотивација на  своите студенти.


Scroll to Top