Успешни е- дијалози на УКЛО „Инженерството во општеството“

05.03.2021

По повод Меѓународниот ден на инженерството, на УКЛО се одржааа првите е–дијалози на тема „Инженерството во општеството“. Е-дијалозите на УКЛО се регистрирани и објавени и на официјалната веб страница на Светската инженерска организација (WFEO). Преку поврзувањето и обединувањето на инженерството со другите научни области УКЛО создава дела кои говорат за постоење на бројни идеи насочени кон поквалитетно студирање, создавање на потенцијал за одржлив општествен раст и развој, градење на ставови за подобрување на местото и улогата на инженерите во општеството, но и градење на политика за подигнување на степенот на соработка помеѓу универзитетските единици. На настанот со свои теми учество зедоа професори од неколку единици на УКЛО: Технолошко-техничкиот факултет, Правниот факултет, Педагошкиот факултет, Техничкиот факултет, студенти - стипендисти и учесници во програмата за туторство на МОН, како и проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Организатори на е–дијалозите „Инженерството во општеството“ беа Факултетското студентско собрание на Техничкиот факултет – Битола и организацискиот и програмски одбор на студентската конференција „Техниката и урбаниот развој – ТУР“.


Scroll to Top