УКЛО И ВИТАМИНКА АД ПРИЛЕП ПОИНТЕНЗИВНО ЌЕ СОРАБОТУВААТ

11.06.2021

Проректорот на УКЛО проф.д-р Марјан Ѓуровски  оствари средба со генералниот извршен директор на АД “Витаминка”-Прилеп м-р Сашо Наумовски. Состанокот беше во функција на воспоставување на поинтензивна соработка на високото образование, односно УКЛО со бизнис заедницата.Се разговараше за воспотавување на механизми за поинтензивна соработка на Универзитетот и единиците со ова најзначајна прехранбена индустрија во земјата. Во престојниот период ќе бидат разгледани можностите за изнаоѓање на нови форми за поблиска соработка, а во иднина студентите од УКЛО својата пракса согласно студиската програма може да ја поминат во “Витаминка” АД Прилеп.


Scroll to Top