УКЛО КООРГАНИЗАТОР НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИГРАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ-ПОСТКОВИД-19

13.06.2021

Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје во партнерство со Универзитетот во Сасари, Италија, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување организираше меѓународна конференција на тема „Миграцијата и развојот: гледајќи напред по-Kовид-19 ". На свеченото отварање свое обраќање имаше Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, а покрај Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ проф. д-р Азил Положани, проректорите на УКЛО и Мајка Тереза проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Ризван Сулејмани и партнерите од италијанскиот Универзитет. На конфренцијата со свои трудови меѓу другите учество земаа професори од единиците на УКЛО. 


Scroll to Top