УКЛО потпиша договор со Криминалистичко-полицискиот универзитет од Белград

19.06.2021

На 18 јуни 2021, во Белград, УКЛО потпиша договор за специфични активности соедукативна, применета и развојна димензија со Криминалистичко-полицискиотуниверзитет од Белград.

Потписниците на договорот, проректорите, проф. д-р Марјан Ѓуровски и проф. д-рСаша Мијалковиќ во име на универзитетите ја формализираа соработката.Воедно, срдечната средба претставуваше можност за размена на информации заструктурата и актуелните приоритети.

Проректорот Ѓуровски во име на УКЛО истакна дека со договорот се воспоставувауспешна и континуирана соработка за специфични активности со едукативна,применета и развојна димензија, можности за заедничко објавување на учебниции монографии, размена на студенти и кадар и реализација на други заедничкииницијативи.


Scroll to Top