УКЛО ПОПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОМОРАТА ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

21.06.2021

На  21.06.2021 година  во Ректоратот на УКЛО  потпишан е Меморандум за соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување.

 

Потписниците, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласија дека Меморандумот е  во функција на воспоставување на поинтензивна соработка. 

 

Покрај размена на научни и стручни мислења од областа на приватното обезбедување со договорот се овозможува унапредување во образованието и оспособувањето на кадри од областа на приватното обезбедување.

УКЛО преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење со Комората ќе подготовува заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадрите од областа на приватнотот обезбедување, како и учество во заеднички проекти, анализи и проценки во областа на приватното обезбедување.

 


Scroll to Top