ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОРХИДСКИ“ – БИТОЛА И ИНСТИТУТОТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА ОД БЕЛГРАД

30.09.2021

Во рамки на одржувањето на меѓународната научна конференција „Улогата на високото образование во развојот на општеството“, на 25 септември во Охрид беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Институтот за меѓународна политика и економија од Белград.

Со официјализирањето на Договорот за соработка, ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски и директорот на Институтот за меѓународна политика и економија, проф. д-р Бранислав Ѓорѓевиќ се согласија дека двете високообразовни институции ќе имаат можност да разменуваат информации, искуства и добри практики во насока на подобрување на меѓусебните односи, заеднички да учествуваат во научни проекти, како и да организираат настани со научен предзнак.


Scroll to Top