УКЛО ЈА РЕАЛИЗИРА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ТРЕТ ЦИКЛУС

30.09.2021

Универзитетот Св. Климент Охридски“-Битола на 25.09.2021 година ја реализира ПРВАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА за студентите на трет циклус (докторски) студии за презентација на докторски проекти на хибриден начин во Хотел „Метропол“ - Охрид  и на Интернет. На конференцијата учество зедоа: 14 докторанти, членови на комисии и ментори  од 5 единици на УКЛО и тоа од Економски факултет Прилеп, Факултет за безбедност Скопје, Факултет за туризам и угостителство Охрид, Педагошки факултет Битола и Правен факултет Кичево. Конференцијата ја отвори и учесниците ги поздрави Проректорот за наука и Раководител на Советот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски. Заложбата на УКЛО за подигнување на квалитетот на докторските студии и темелниот пристап кон научното истражување во изготвување на еден докторски труд и изведување на сите активности во корист на трудот ја опфаќа и подготовката на докторски проект како задолжителна обврска на студентите од трет циклус на студии. 


Scroll to Top