УКЛО потпиша договор со асоцијацијата Хеликас

15.10.2021

УКЛО стана рамноправен член на асоцијацијата Хеликас којашто работи во полето на Европската групација за територијална соработка.  Станува збор за клучен аспект на новата европска политика што промовира и поттикнува соработка на региони.

На 8.10.2021 ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски од името на УКЛО  го потпиша договорот за пристапување во Хеликас што му овозможува  на УКЛО вклучување во новата форма на соработка, Европа на региони. Европската групација за територијална соработка е резултат на потребата да се пристапи кон трансформација на прекуграничната соработка, со поттикнување реципроцитет базиран на улогата на секој подрегион во пошироката прекугранична област.

Во рамки на посетата на Солун и Универзитетот Аристотелис, ректорот Коруновски присуствуваше на Генералното собрание на Хеликас, на коешто е потенцирана потребата за продлабочување на дијалогот меѓу Европската Комисија, Комитетот на региони и локалните актери на прекуграничната соработка  за креирање  идни иницијативи и активности.


Scroll to Top