УКЛО учесник на Еразмус+ Вебинар

15.10.2021

На 15.10.2021 во рамки на вебинарот  „ЕРАЗМУС+ ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ - Приоритети, интензивни програми, новости, платформи и меѓународна кредитна мобилност  2021 – 2027“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност свое учество имаа и претставници на УКЛО.

На вебинарот, покрај заменик министерот за образование Арафат Шабани, директорот на Националната Агенција, Марко Ѓоргиевски, обраќање имаше проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски кој истакна дека во престојниот период за студентите и професорите ќе се реализираат посебни тематски обуки за користење на средства и можности од Еразмус + до 2027 обезбедени од Европската унија. 

Воедно, УКЛО и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип со внатрешно вмрежување работат на проект „Модернизација во високообразовните институции во Западен Балкан со посебен акцент на  дигитализација“ со планирано учество на седум универзитети од Западен Балкан. 


Scroll to Top