Великаните на гастрономијата од регионот гости на ФТУ - Охрид

21.10.2021

Еминентни стручњаци од областа на кулинарството и Балканската гастрономија, Стево Карапанџа, Вуко Митровиќ, Томаж Возељ и Жељко Невен Бремец гостуваа на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. 

За студентите од студиската програма гастрономија, во соработка со шефови на кујни од охридската ривиера, тие одржаа практични и теоретски предавања и им пренесоа дел од врвните вештини. Познатиот Стево Карапанџа одржа и мотивационен говор за тоа што значи да се биде успешен готвач и шеф преку сопственото животното искуство.

Во рамки на престојот на ФТУ, познатите мајстори на кујната остварија средба со раководството на Факултетот и ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, при што разгледани  се можностите за соработка за студентската задолжителна пракса и интензивирање на соработката со кулинарските академии од Хрватска, Црна Гора и Словенија.


Scroll to Top