Потпишан договор за соработка помеѓу Британски совет – Македонија и УКЛО

05.12.2011
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и директорот на Британскиот совет во Македонија Елеонора Запрова потпишаа договор за соработка кој се оценува како дополнителен импулс во насока на развивање на образовните процеси на УКЛО.
Во рамките на средбата на којашто присуствуваа и проректороте, проф. д-р Јованка Тутеска и проф. д-р ЉупчоТрпезановски договорени се и други детали меѓу кои и обезбедувањето полагање на CESOL испити за проверка на знаењата по англиски јазик како и можностите за стипендирање и други бенефити за студентите.