Потпишан договор за соработка со Универзитетот во Белград
20.12.2013
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Белград потпишаа договор за соработка.
Заедничкиот интерес за развивање наставно - научни активности и за интензивирање други форми на академско дејствување е во основата на иницијативата којашто се официјализира со потписите на ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и неговиот белградски колега, академик Владимир Бумбаширевиќ.
Договорот за соработка претставува општа рамка преку која одделните членки односно единици во составот на универзитетите со посебен анекс ќе може да го дефинираат видот, обемот и конкретните принципи за реализација на актвностите.