ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ НА УКЛО

27.12.2013
Познатиот научник и истражувач во областа на нуклеарната физика, вештачката интелигенција и биомедицината, проф. д-р Златимир Димчовски, на 27.12.2013 година одржа предавање на тема „Церн и Република Македонија - сегашна и идна соработка во научни и индустриски проекти“.
Во предавањето наменето за академската и пошироката јавност, професор Димчовски говореше за соработката на Женевскиот центар за нуклеарни истражувања со Република Македонија и посебно со УКЛО и индустријата во овој регион.
Како директор на националната Агенција за нуклеарна технологија, д-р Димчовски ја искажа подготвеноста, освен за академската заедница, ЦЕРН да ги отвори вратите и за македонски компании.