РЕСЕРТИФИКАЦИЈА ПО СТАНДАРДОТ ISO 9001:2008
24.12.2013
На 18.12.2013 година во Ректоратот на УКЛО се реализира екстерен аудит за ресертификација на Системот за менаџмент на квалитет со опфаќање на сите процедури изработени по стандардот ISO 9001:2008.
Од овластената институција за сертифицирање SGS United Kingdom Ltd□Systems & Services Certification, екстерните аудитори извршија проверка на сите процедури од Системот за менаџмент на квалитет и на нивната реализација по стандардот ISO 9001:2008, при што констатираа дека нема неусогласености и дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола целосно ги исполнува сите критериуми за ресертификација по стандардот ISO 9001:2008 и за наредните три години (2014-2017).