Нов голем успех за УКЛО на 9 Светско Универзитетско првенство во карате

25.06.2014
Женскиот ката тим на УКЛО во состав Пуликсенија Јованоска, Марија Матракоска и Зорица Спиркоска освои сребрен медал на студентската спортска манифестација во категоријата ката екипно жени.
Најдобрите студенти - каратисти претставници на своите држави, ги одмеруваа силите од 16 до 22 јуни 2014 година во црногорскиот град Бар на 9 Светско Универзитетско првенство во карате.
По сребрениот медал на Европското Универзитетско првенство во Сараево во 2011 година и златниот медал на минатогодишното Европско Универзитетско првенство во Будимпешта, ова е уште еден значаен успех за екипата на УКЛО, остварен на натпреварување во светски рамки.