Избрани најдобрите истражувачки трудови и есеи
26.11.2014
На распишаниот награден Конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј на слободна тема, комисиите донесоа одлуки за најдобрите остварувања.
Награден истражувачки труд:
„Употреба на јаглехидратите во исхраната на адолесцентите во регионот на Југозападна Македонија“ од студентот Александра Николовска, Технолошко – технички факултет – Велес, дисперзирани студии Битола, втора награда.
Наградени есеи:
„Бебе, девојче, сестра, девојка, госпоѓица, жена, госпоѓа, мајка, баба, старица “ од Наталија Трајковска, студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии Битола, прва награда.
„Инферно“ од Виолета Павлеска, студент на Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола, втора награда.
„Визија за подобро утре “ од Андрина Поповска, студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии Битола, трета награда.
На наградените студенти ќе им бидат доделени плакети и парични награди, на свеченоста што по повод Патронатот на УКЛО, ќе се одржи на 05.12.2014 година, во хотел Епинал.