Одбележан Денот од основањето на УКЛО
24.04.2015
По повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетoт, одржани се неколку пригодни настани.
На свечена седница на Сенатот, на 24.4.2015 година, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев одржа поздравна реч, при што се осврна на 36 годишниот развој на УКЛО.
По повод пригодата, титула почесен доктор на науки е доделена на академик, проф. д-р Грозданка Гојков, од Република Србија.
Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот, потпишан е Договор за соработка со Универзитетот Александру Јоан Куза од Јаши, Република Романија.
За таа цел делегација од Универзитетот во Јаши предводена од ректорот, проф. д-р Василе Ишан, а придружувана од романскиот амабасадор во РМ, Н.Е. Јустинијан Фокша престојуваше на УКЛО.
Чинот на потпишување на Договорот претставуваше можност за поблиско запознавање и за разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната соработка низ повеќе специфични академски форми и активности.