Презентирани програмите на ДААД

01.10.2015
Во рамки на соработката на УКЛО со Германската академска асоцијација за размена (ДААД), се одржа презентација на можностите за студирање и начините за аплицирање за студиска стипендија во Германија.
За заинтересираните студенти и академскиот кадар од УКЛО претставување на програмите на ДААД реализираа г-ѓа Мајке Грезер и Анета Крстеска, претставници од канцеларијата за врски на ДААД.
Презентацијата се одржа на 06.10.2015 година, во амфитеатарот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
Инаку, УКЛО и Германската академска асоцијација за размена (ДААД) остваруваат повеќегодишна соработка.