Повик за млади истражувачи на Универзитетот Деусто
07.03.2016
Меѓународниот истражувачки центар на Универзитетот Деусто објави повик за докторски студии за осум млади истражувачи во рамки на меѓународната програма Мари Склодовска-Кири, акција DIRS-COFUND. Покрај потпишување договор за вработување, избраните кандидати ќе имаат можност да работат на една од седумте постоечки докторски програми поврзани со следните области на истражување: Здравје и благосостојба, Човекови права, мир и разрешување конфликти, Одржлив развој и иновации и Образование и доживотно учење.
Повикот е отворен на 15.02.2016 а ќе трае до 08.04.2016.
Повеќе податоци за критериумите за избор се достапни на www.deusto.es/dirs-cofund.es
Контакт за дополнителни информации cofund@deusto.es