МОЖНОСТ ЗА ПОБЛИСКО ЗАПОЗНАВАЊЕ СО КОМПАНИЈАТА КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ

10.03.2016
Во рамките на веќе воспоставената соработка помеѓи Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и компанијата КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, на 15 Март 2016 година со почеток во 12,00 часот за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет – Битола, единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, ќе се одржи презентација на компанијата КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.
Со презентацијата ќе бидат опфатени повеќе теми и истата претставува добра можност за кариерно насочување на студентите и добивање повеќе информации за потребата од соодветни компетенции кои се бараат на пазарот на труд а се во согласност со потребите на компанијата.
Студентите ќе имаат можност да се запознаат со:
- Историјата на компанијата
- Актуелните проекти
- Работните позиции
- Интерните обуки и можностите за унапредување
- Активности кои се преземаат за мотивација на вработените
- Можности за практиканска работа и сл.
За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на празентацијата која ќе се одржи на 15 Март 2016 година во 12,00 часот на Техничкиот факултет – Битола.