Меморандум за соработка меѓу УКЛО и Црвениот крст

16.03.2016
На 16 март 2016 година, во Ректоратот на УКЛО потпишан е Меморандум за соработка со Црвениот Крст на Република Македонија.
Првите луѓе на двете установи, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и генералниот секретар, д-р Саит Саити со потпишувањето на Документот и формално ја потврдија долгогодишната соработка истакнувајќи ги принципите на хуманост и солидарност како важни императиви на времето во кое живеeме.
Како дел од настанот во низата активности, кога се одбележувааат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент, доделени се благодарници и пригодни награди на студенти од единиците на УКЛО, повеќекратни крводарители.
По повод 17 март, Денот на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството, во Ректоратот на УКЛО се организира крводарителска акција.